Се шират пожарите во Грција

Од:

Пожарите во Грција се проширија до предградието на Атина, но официјалните лица тврдат дека огнот е ставен под контрола и дека нема повредени.

Пожарот поттикнат од силниот ветер, ги зафати покривите на пет куќи во Кератеји, југоисточното предградие на грчката претстолнина.

Огнената стихија ја гаселе десетици пожарникари, користејќи 35 пожарни возила, пет авиони и два хеликоптери. Покрај овој, шумскиот пожар на југот на Пелопонез се шири веќе втор ден без контрола.

Грција редовно се соочува со пожари во летните месеци. Во големите пожари во 2007-ма настрадаа 65 луѓе.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Грција: Жена падна во морето додека се качуваше на брод, луѓе веднаш скокнаа по неа

Горан Наумовски

Девојка од Србија пронајдена мртва на Крит

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Брачен пар од Австрија дојде во Грција на меден месец и загина во поплавите

Горан Наумовски

Пожар во Аланија, превентивно се евакуира населението

(ВИДЕО) Во Истанбул: Пожар го зафати покривот на Капали чаршија