Се разгорува епидемијата на Балканот, за епидемиолозите ситуацијата e загрижувачка

Од:

Порастот на бројот на новозаразени со коронавирус во регионот не запира, а повеќето балкански држави деновиве бележат дневни рекорди на новозаразени и починати од вирусот. Епидемилозите предупредуваат дека ситуацијата е загрижувачка.

Здравствените власти во Србија соопштија дека во земјата се евидентирани 11 смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа и тоа е најголем број во еден ден од почетокот на пандемијата. Во последното деноноќие во државата потврдени се уште 309 случаи на заразени, а поради влошената епидемиолошка состојба, вратени се вонредните мерки во Белград и во пет други градови.

Во Србија е повторно воведена обврската за носење заштитни маски, со почитување на физичкото растојание од еден и пол метар во затворени простории и во приградскиот и меѓуградскиот превоз, а за прекршителите казната изнесува околу 40 евра.

Српската Влада донесе и одлука со која се забранува собирање на јавни места во затворени простории за повеќе од 100 лица, а на отворено до 500, со обврска да се почитува физичкото растојание од метар и половина. Сите мерки донесени за Белград ќе важат до 18 јули.

Бројот на заразени е висок и во соседна Бугарија каде во изминатите 24 часа евидентиран е 161 случај, со тоа вкупниот број на заразени изнесува 5.315 лица, додека активни се вкупно 2.281 лице. Во државата досега не се евидентирани нови смртни случаи информираат бугарските медиуми.

Во Бугарија има 443 хоспитализирани, а од нив 31 лице се наоѓа на интензивна нега, досега од вирусот починале вкупно 232.

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 96 нови случаи на заразени со коронавирус, а две лица починале, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита на земјата.

Тоа е досега најголем број на заболени во еден ден, како и на 1 април, кога исто така беа регистрирани 96 случаи во земјата. Во самоизолација моментално се наоѓаат 4.943 лица, до денес тестирани биле вкупно 82.902 лица, а само во последното деноноќие се тестирани 1.465 лица, пренесуваат хрватските медиуми.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска, коронавирусот е потврден кај вкупно 3.008 лица, а досега се оздравени 2.168. Вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 112 лица.

Нови 47 случаи се потврдени денесво Црна Гора од процесуирани вкупно 475 примероци, во државата пријавен е и еден смртен случај во градот Рожае. Вкупниот бројот на починати досега изнесува 13.

Албанија во последното деноноќие забележа нов негативен рекорд во однос на бројот на новозразени со Ковид-19, според Министертвото за здравство и социјална заштита новодијагностицирани се 90 лица што е највисока бројка од почетокот на пандемијата. До сега битката со опасниот вирус ја изгубиле 72 лица.

Активни на болеста се 1.088, од нив 80 се хоспитализирани во Инфективната клиника во Тирана, при што осум се на интензивна нега.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат