Се расправал со гости, кршел инвентар во кафеана, а потоа избодел двајца мажи пред зграда

Од:

Припадници на српската полиција во Зрењанин по наредба на главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство го уапси М.Л. (1982) од овој град, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело насилничко однесување.

Тој е осомничен дека синоќа околу 23 часот во ресторан во Зрењанин испровоцирал гости во кафеана и искршил инвентар, а со стакло повредил четириесет и четиригодишен маж, соопшти Полициската управа Зрењанин.

М.Л. потоа со нож го повредил истиот маж пред зграда, како и триесет и двегодишен маж, на кои во Ургентниот центар на болницата Зрењанин им биле констатирани полесни повреди.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Основното јавно обвинителство Зрењанин.

Би можело да ве интересира

Двајца стружани оштетиле неколку возила, а нападнале и полицајци

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Кривична пријава за жител од Чашка кој физички ја малтретирал малолетната ќерка

Скопјaнец ја истепал својата 18-годишна сестра

Горан Наумовски

Жена е нападната од нејзиниот син во Аеродром

Полицијата уапси млад штипјанец кој си ја истепал девојката