Се пука во Северно Косово

Од:

Патиштата што водат кон Рударе и Дудин крш се блокирани. Голем број граѓани се собраа на барикадите. Се слушаат истрели. Ранетите се префрлени во болницата во Митровица, пренесува српската Б92.

Се наведува дека во болницата во Митровица се донесени најмалку тројца ранети, а КФОР носи нови сили.

Србите од северот на Косово преку твитер јавуваат дека мостот што води кон Мал Рудар каде што има блокада дошло до судир со КФОР кој ја отстранува блокадата. Во Косовска Митровица е мирно иако хеликоптери го надлетуваат градот.

Голем број жители се собраа околу 9 часот во Рударе, каде претходно стигнаа војниците на КФОР со механизација. Во Косовска Митровица се слушнале сирените за тревога, а целото подрачје е блокирано.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски