Се преврте туристички автобус во Бугарија: 12 лица се во болница од кои пет се во потешка состојба

Од:

Туристички автобус се преврте на автопатот „Тракија“ во близина на селото Булгарово во регионот на Бургас, јави БТВ.

Според првичните информации има 12 повредени. На местото на настанот се испратени полициски патролни екипи и возила на Итна помош.

Сообраќајката се случила околу 17.17 часот. Несреќата се случила на подрачјето на 356-от километар од автопатот „Тракија“ во правец кон Бургас, најверојатно поради тоа што 45-годишниот возач заспал, автобусот првично удрил во билборд, а потоа се превртел во канал покрај патот.

Во возилото имало 17 патници, двајца возачи и туристички водич, кои се враќале од патување во Виена.

Според првичните податоци, во болница се пренесени 12 патници, од кои пет се во потешка состојба.

Десната лента на автопатот во моментов е затворена за сообраќај.

Фото: Новини.бг

Би можело да ве интересира

Дрон со експлозив пронајден на брегот на бугарско одморалиште

ВИДЕО: Најмалку седум жртви во полавите во Грција, Турција и во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Габриел: Скопје треба да ги исполни обврските што ги презеде

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Убиен познат бугарски бизнисмен

Бугаринот избоден во Скопје: Им благодарам на лекарите што ми го спасија животот

Катерина Ѓуровски

Мајката на 29-годишниот прободен навивач од Бугарија раскажа што се случило – „Ѓаволчето е живо, можеше и полошо“

А1он