Се повеќе Германци се за излез на Грција од Еврозоната

Од:

Последните вербални напади на Атина и барањето за исплата на воени репарации предизвика зголемувањње на бројот на Германци кои што сакаат Грција да ја напушти еврозоната.

За разлика од истражувањњето спроведено пред две недели сега дури 52 % имаат желба да ја видат Грција надвор од европската монетарна унија. Германците се се поскептични дека ГРција ќе ги почитува договорите а анимозитетот расте и поради таблоидната кампања која што се води и преку дел од провладинните грчки медиуми.

Според испитувањето кое преку телефон од 10 до 12 Март го спроведе влијателниот „Политбарометар“, на Истражувачката група Мајнхам 40% проценти од испитаниците сакаат Грција да остане во Еврозоната а 8 % немаат прецизен став за прашањето.

Само 14 проценти од Германците сметаат дека Грција ќе ги спроведе бараните реформи а дури 82 % не веруваат дека владеачката СИРИЗА ќе ги спроведе проектите барани од еврозоната и кредиторите. Резултатите од испитувањето на јавното мислење значително ќе ги отежне напорите на германските власти кои што до неодамна најавуаа дека излезот на Грција не е реална опција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит