Се отповикуваат редовните отсуства за вработените во Министерството за здравство, во болниците и сите здравствени установи во Грција

Од:

Со одлука на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, се одложуваат и се отповикуваат редовните отсуства, слободни денови или одмори на вработените во болниците, здравствените установи, како и во самото министерство.

Централната служба на Министерството за здравство, Централните здравствени служби на перифериите, државните болници, брзата помош, Националната организација за јавно здравје, Националниот центар за крводарителство, во Институтот за фармацевтски истражувања и технологија се меѓу институциите во кои персоналот, сѐ додека не се донесе нова одлука, нема да може да се слободни денови или одмор.

Одлуката на грчкиот министер доаѓа откако, денеска, во Солун беше регистриран првиот случај на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски