Се очекуваат торнада и силни ветрови

Од:

Српските метеоролози предупредуваат дека се очекуваат силни ветришта, олуја, град и воздушни вртлози – торнада.

-Дававме предупредувања и тие се исполнија. Кумулонимбусите надвиснаа над селото Шопиќ и надвладеа силно невреме. Тоа беа мини циклони слични на торнада кои со себе носат предмети, кровови и други работи, велат од метеоролошката служба.

Драган Ѓуриќ од метеоролошкиот завод на Србија за Блиц објасни дека веќе во понеделник се очекуваат слични неприлики, иако со послаб интензитет.

Како што велат српските метеоролози, за време на потоплиот дел од годината се појавуваат облаци кои со себе носат грмотевици, обилни врнежи, град и олуи.

Во последните 30 години во Србија се регистрирани вкупно 4 вакви невремиња, а она што го зафати Шопиќ е петто.

Тие предупредуваат дека во следниот период се очекуваат уште климатски промени, но не се знае колку ќе траат и колкав интензитет ќе имаат.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Најмалку три лица загинаа во торнадо во Охајо во САД