Се очекува омикрон да стигне во Србија до крајот на месецов

Од:

Вирологот Тања Јовановиќ од Медицинскиот факултет во Белград вели дека сојот омикрон се уште не е дијагностициран во Србија, иако земјата речиси од сите страни е опкружена со новиот сој.

„Додека не го потврдиме, не можам да тврдам дека го има или дека го нема. Чекаме и се обидуваме да го докажеме“, рече проф. Д-р Тања Јовановиќ и додаде дека во Србија не е дијагностициран ни сојот делта плус.

Јовановиќ објасни дека новиот сој се бара со анализирање, поточно секвенционирање на примероците од вирусот земени од веќе заразените.

Земаме примероци од оние кои се веќе заразени, поточно од пациентите кои се хоспитализирани. Се зависи од активноста, но правиме околу 30 до 50 примероци неделно“, вели професорката Јовановиќ, која е и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот.

Епидемиологот Предраг Кон, член на српскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот, денеска изјави дека омикрон се очекува да пристигне во Србија до крајот на месецот.

„Луѓето од дијаспората сигурно ќе дојдат, ситуацијата ќе биде динамична и ќе донесе омикрон, кој веќе постои во ЕУ и САД и сега има зафатено околу четириесетина земји. Се очекува омикрон да дојде во Србија до крајот на месецот. Има сериозен проблем што е тешко да се искомуницира. Имате ситуација каде на места има екстремно висока вакцинираност, но и големо исполнување на болниците со вацинирани, што е и логично, бидејќи штоповеќе вакцинирани, толку поголем процент на вакцинирани ќе бидат во болниците, и тоа се оние што се повозрасни, имунокомпромитирани“, вели Кон.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати