СЕ: Бугарија да биде поактивна во борбата против расизмот и родовите стереотипи и да ја зголеми слободата на медиумите

Од:

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, денеска го објави извештај од нејзината посета на Бугарија во ноември 2019 година. Во нејзиниот извештај, таа се фокусира главно на расизмот, нетолеранцијата и дискриминација, насилството врз жените и семејното насилство, како и слободата на медиумите, јави дописникот на МИА..

Комесарот смета дека се потребни и политички и културни промени во начинот на кој се третираат и застапени малцинските групи во Бугарија, каде говорот на омраза, дискриминација и непријателство кон Ромите, ЛГБТИ заедницата и другите членови на малцинските групи остануваат причина за сериозна загриженост. Притоа, таа ги повикува властите да реагираат енергично на говорот на омраза, особено кога тоа е направено од високи политички функционери, да ја зајакнат правната заштита од дискриминација и прекршоците мотивирани од омраза и да се осигурат дека кога ќе се случи вакво дело, тоа ќе биде предмет на ефективна истрага и гонење.

Таа жали за непријателската атмосферата кон Ромите, од кои некои мораа да ги напуштат своите домови по анти-ромските собири што се одржаа во неколку села. Мијатовиќ, ги повикува властите итно да ја поправат состојбата на засегнатите лица и да дејствуваат брзо за зајакнување на правните гаранции придружувајќи ги протерувањата. Исто така, според неа, треба да се преземат енергични мерки за подобрување на општите услови за домување на Ромите, вклучително и нивниот пристап до социјални станови.

Комесарката Мијатовиќ е загрижена дека дебатите околу Истанбулската конвенција се дегенерирале, оставајќи место на вознемирувачките трендови кои сериозно ги загрозуваат правата на жените, децата и ЛГБТИ лицата.

-Нападите врз невладините организации, повлекувањето од страна на Владата од стратегијата за заштита на децата и одложувањето на влегувањето во сила на новиот закон за социјални услуги се меѓу овие отстатпувања, забележува таа.

-Властите треба да го променат ставот. Тие треба да го спречат ширењето на обвиненија штетни за човековите права, да го подобрат законодавството и да ја подигнат свеста за потребата од зајакнување на заштитата на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство. Посебно внимание треба да се посвети на унапредување на еднаквоста меѓу жените и мажите, нагласува Мијатовиќ.

Друга причина за загриженост е што службите за жртви на семејно насилство се недоволни и не се соодветно распоредени на целата бугарска територија. Затоа, комесарката ги повикува властите да го зголемат бројот на засолништа и други социјални услуги потребни за жртви на семејно насилство. Исто така, препорачуваат да се преземат серија мерки за интензивирање на напорите направени од властите за борба против насилството врз жените и семејното насилство.

-Потребно е дополнително да се поддржува работата на невладините организации и бранителите на човековите права кои работат во оваа област и систематски да се соберат податоци за сите форми на родово насилство врз жените . Властите треба да воведат строги санкции за сторителите на насилство, да им гарантираат на жртвите пристап до бесплатна правна помош, да им овозможат лесно да добијат мерки за заштита и да им обезбедат ефективни правни лекови.

Во својот извештај, Комесарот исто така посочува дека слободата на медиумите продолжува да се влошува, како резултат на комбинација на фактори, како што се недостиг на транспарентност во сопственоста на медиумите и финансирањето, вознемирување, на кое се предмет новинарите, тужби за клевета и политичко влијание.

Комесарката Мијатовиќ, која потсетува дека слободни и плуралистички медиуми се од суштинско значење за правилно функционирање на демократијата, ги повикува властите да создадат клима поволна за слободата на изразување, особено со спречување на прекумерна концентрација на сопственоста на медиумите, со отстранување на казнени одредби за клевета и казнување на сите сторители на закани и напади врз новинари.

На крајот, Комесарот за човекови права на Советот на Европа, ги повикува властите да ја подобрат професионалната заштита и работните услови на новинарите и да го направат Советот за електронски медиуми понезависен и поефикасен, со промена на неговиот состав и мандатот.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија