СДА најавува ново парламентарно мнозинство во Федерацијата БиХ

Од:

Лидерот на бошњачката Партија за демократска акција (СДА) и член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ изјави дека очекува во текот на октомври во Федерацијата БиХ да биде формирано ново парламентарно мнозинство, јави ФЕНА.

За в сабота е најавена средба на раководствата на СДА и на Хрватската демократска заедница во БиХ (ХДЗ БИХ) на која би требало да се разговара за создавањето на ново мнозинство во Парламентот.

Според лидерот на ХДЗ БИХ, Драган Човиќ, сепак би претставувало успех доколку новата владина коалиција во бошњачко-хрватскиот ентитет во БиХ биде формирана до крајот на годината.

Формирањето на новата федерална влада останува неизвесно бидејќи ХДЗ БИХ предлага во коалицијата покрај неа да учествуваат СДА и Сојузот за иднината на БиХ (СББ) на Фахрудин Радончиќ, додека СДА инсиситира во идната влада да бидат вклучени Партијата за Босна и Херцеговина (СБХ) и Партијата за демократска активност (А-СДА). Од друга страна Изетбеговиќ не е наклонет кон коалиција со партијата на Радончиќ, имјаќи го предвид нивниот долгогодишен конфликт.

– Влегувањето на СББ (во владата) Човиќ не го поставува како услов и никогаш не разговарал со Радончиќ за стабилизирање на состојбите и за евентално коалицирање, без да се консултира со мене, изјави Изетбеговиќ.

Тој нагали дека е уверен оти дошло до созревање во односите меѓу СДА и СББ и оти двете страни сакаат прекин на меѓубошњачкиот конфликт и почеток на силниот реформски залет на БиХ.

Изетбеговиќ нагласи дека СДА би сакала партнерство и со Босанскохерцеговската патриотска партија (БПС), но додаде дека нејзините барање за решавање за 15 дена на „прашањата кои правосудните институции не успеале да ги решат 15 години“ се едноставно нереални.

Актуелната коалициска Влада во Федерацијата БиХ, предводена од Фадил Новалиќ, ја сочинуваат СДА, ХДЗ БИХ и Демократскиот фронт (ДФ), партија која настана со одвојување од Социјалдемократската партија (СДП).

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници