Сарафов: Човечка грешка е водечка верзија за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија

Од:

Водечката верзија за несреќата со српскиот автобус синоќа на автопатот Тракија е човечка грешка, во која српски автобус излета од патот на делот меѓу Нова Загора и Стара Загора, соопшти заменик-јавниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија Борислав Сарафов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Сарафов, ова е водечката верзија – за човечка грешка. Нема нерамнини на патот ниту на автопатот Тракија во Бугарија, немаше други пречки поради кои автобусот скршнал. „Нема техничка неисправност што се случила ненадејно при движењето“, рече и Сарафов.

Според него, водечката верзија останува само човечка грешка, за која се собрани директни сведоштва од оние кои се возеле во автобусот. „Возачот го сврти вниманието обидувајќи се да му помогне на еден од патниците да крене седиште“, истакна и Борислав Сарафов.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов