„Самоопределување“: Влијаевме на големото учество на Албанците на изборите во Северна Македонија

Од:

Најголемата опозициска партија во Косово, Движењето самоопределување (ВВ), „им честита на Албанците во Северна Македонија за исходот на вчерашните вонедни парламентарни избори, оценувајќи дека бројката од 32 до 34 пратеници е најдобриот резултат што Албанците го постигнале од осамостојувањето на државата,“ јави дописникот на МИА од Приштина.

Партијата предводена од Албин Курти, преку соопштение до јавноста си припишува заслуги за „големото учество на Албанците“ на овие избори и за најголемиот број на пратеници Албанци во Собранието во Северна Македонија од нејзиното осамостојување.

– Додека се уште ги чекаме конечните резултати, добрата вест е дека според резултатите кои ги пренесува Државната изборна комисија, во македонското Собрание ќе седат меѓу 32 и 34 пратеници Албанци. Тоа е и своевиен рекорд, затоа што претходната најголема бројка на пратеници Албанци изнесуваше 29. Влијаеше, меѓу другото, и залагањето на Движењето самоопределување, кое го поттикна големото учество на Албанците на овие избори, се вели во соопштението на ВВ.

Партијата која до пред месец и половина беше на власт во Косово, ја повтори намерата, која првично ја објави во јуни годинава, дека наскоро ќе основа сопствен центар, односно ќе се легитимира како политички субјект во Северна Македонија.

– ВВ наскоро ќе отвори свој центар во Северна Македонија. Заедно ќе се залагаме и ќе се организираме, отворени за пријателство со секој искрен пријател, со цел позитивните и прогресивни процеси да се забрзаат, а оние негативните, дискриминирачки и назадни да се запрат. Албанците ќе бидат решавачки елемент за победникот на изборите, но и за формирањето на владата во Северна Македонија, порача најголемата опозициска партија во Косово, на чие чело е доскорешниот косовски премиер, Албин Курти.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Самоопределување побара од Хоти извештај пред Парламентот за стоте дена на Владата

Жарко Настоски

Самоопределување: Хоти ја поништи границата меѓу Косово и Србија

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он