Самит на Западен Балкан на 10 ноември во Софија

Од:

Лидерите на ЕУ и на Западен Балкан ќе се сретнат на 10 ноември на самит во Софија, кога треба да биде усвоен планот за реализација на регионалната економска област.

Самитот во Софија се одржува во рамките на Берлинскиот процес, а со него претседаваат Бугарија и Северна Македонија.

Европската комисија наведува дека во моментов се развива и усогласува визијата за регионалната економска заедница на Западен Балкан и дека ќе биде подготвена за усвојување на самитот во Софија.

„Планот треба да биде структуриран околу четири слободи и конкретни мерки што ќе донесат опипливи придобивки за компаниите и граѓаните во регионот. Овие вклучуваат намалување на прекуграничните банкарски такси, отстранување на техничките бариери за трговија, усогласување на политиките за инвестиции, признавање на професионалните квалификации низ целиот регион, поттикнување на е-трговија и слично“, наведуваат во Комисијата.

Последниот самит во рамките на Берлинскиот процес се одржа во 2018 година во Трст.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски