Самарас: Нема да дозволиме наследници на нацистите да ја дестабилизираат Грција

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска изјави дека неговата Влада нема да дозволи „наследници на нацистите“ да ја дестабилизираат Грција, коментирајќи го убиството на Павлос Фисас од страна на член на неофашистичката Златна зора.

– Демократијата е многу посилна отколку што мислат нејзините непријатели, рече Самарас во кусото телевизиско обраќање и ја повика јавноста и неговите политички колеги да не дозволат насилството да продолжи.

– Насилството е пад надолу кој ги уништува сите шанси за Грција да го постигне она што го заслужува, со други зборови раст и просперитет. Ова не е време за внатрешни несогласувања или тензија, рече Самарас и потсети на штетата која и му се нанесува на имиџот на Грција во странство.

Провладиниот весник „Катимерини“ коментира дека изјавата на Самарас е во сосема поинаква насока од вчерашните коментари на неговиот близок советник Хрисантос Лазаридис, кој ги обвини Сириза и Златна зора за политичко насилство и сугерираше дека неофашистичката партија не е дел од „уставната оска“.

Во меѓувреме, Советот на Европа изрази загриженост поради порастот на екстремизам во Грција и во Европа, во контекст на убиството на Фисас.

– Ова убиство произлегува од исклучително опасниот развој на настаните што го гледаме во Грција и во други делови на Европа, изјави генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд.

– Делови на општеството се повеќе се радикализираат и постои реален ризик говорот на омраза да се претвори во насилство и ладнокрвни убиства. Ги поддржувам напорите на грчката Влада да се спроведе брза истрага за вклученоста на Златна зора и да се придржуваат кон владеењето на правото во однос на тековните протести. Не можеме да толерираме расистички радикални групи да го попречуваат демократското општество, истакна Јагланд.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски