Сакеларопулу: Напредок и просперитет на Грците е заедничката цел

Од:

Сакам да верувам, сигурна сум дека сите ќе продолжиме со истата одговорност и расположение за соработка, бидејќи целта е заедничка: напредок и просперитет на Грците и одржување на општествената кохезија, рече претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу на средбата со лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас.

Во претседателската палата, Сакеларопулу и Ципрас по првпат имаа можност да разговараат, а дискусијата беше околу пандемијата и економските последици, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката петседателка изрази надеж дека по три месеци, ситуацијата во земјата почнува да се нормализира.

– Ќе треба да се изнајдат начини за, освен економијата, туризмот и сите очигледни големини, да се зајакнат и ранливите групи, за да можеме да имаме колку е можно помалку загуби и жртвувања во оваа фаза и да можеме, како што рековте и Вие, да ја надминеме кризата на најдобар можен начин за општеството во целина, истакна претседателката на Грција и воедно му рече на Ципрас дека и опозициската партија од своја страна придонела во најдоброто можно справување со кризата.

Лидерот на СИРИЗА рече дека земјата се наоѓа пред тешки услови и оцени дека ќе бидат тешки последиците врз економијата, работните и социјалните односи, врз индивидуалните слободи како и врз функционирањето на институциите.

– Во економијата, мојата проценка е дека се наоѓаме во опасност, бидејќи рецесијата ќе биде длабока. Мерките за заштита на вработените и бизнисите, според нашата проценка се и недоволни и задоцнети. Во работните односи се плашам дека се наоѓаме пред опасноста некои вонредни околности да станат постојани, рече Ципрас и како пример ги спомена работењето помалку денови во седмицата, намалувањето на платите, воведувањето работа на далечина и сл.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен