Сајтот за туристичка промоција „Macedonia timeless“ причина за препукување меѓу власта и опозицијата во Грција

Од:

Текст објавен во грчките медиуми за непроменетото име на сајт за туристичка промоција на земјава Macedonia timeless, беше причина да реагираат од опозициската Нова демократија со остри критики до грчката влада, на што експресно стигна одговор од шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.

-Провокативната и дрска употреба на терминот Македонија од официјален сајт на Скопје и тоа за туристичка промоција на соседната земја, на најлош начин ги оправдува предвидувањата на Нова демократија. Дека по неприфатливото отстапување на владата на Ципрас, на соседите, безусловно, да им ги отстапи наводните „македонски идентитет и јазик”, терминот „Северна” едноставно ќе избледи и ќе се заборави. Владата мора веднаш да реагира, соопштуваат од најголемата грчка опозициска партија Нова демократија.

Од кабинетот на Јоргос Катругалос, министерот за надворешни работи на Грција, излегоа со соопштение по написите во весниците и прилозите на телевизиите и радијата.

-Нова демократија уште еднаш одбра да биде опашка на жолтиот печат што ја поддржува нејзината политика. Од очигледни причини за ситнополитичка употреба, одбира да го игнорира фактот дека целиот свет, соседната земја ја нарекува Северна Македонија, дека промени стотици имиња на институции и објекти за да одговараат на новото име и продолжува со тоа, и дека веќе од 15-ти мај е соопштено дека ќе ја промени туристичката кампања за да се усогласи со новото име, соопштуваат од кабинетот на Катругалос.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски