САД се загрижени за ситуацијата на северот на Косово, бараат Србија да ја повлече војската

Од:

Првиот заменик советник за национална безбедност на Белата куќа Џон Финер ја изрази својата загриженост за настаните на северот на Косово во разговор со косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ, соопшти Белата куќа.

Финер разговараше со Курти во четвртокот и го повика Косово да им дозволи на новоизбраните градоначалници да извршуваат функции од алтернативни локации и да ги повлече полициските сили од општинските згради, соопшти Белата куќа. Тој ја поздрави и подготвеноста на Курти да работи на создавање услови за нови избори.

Соработник на Бајден вчера разговараше со Вучиќ и побара од Србија да ги повлече своите вооружени сили стационирани во близина на границата и да го намали нивото на будност, како и да ги повика демонстрантите да останат смирени, се вели во соопштението на Белата куќа.

Во двата повици, Финер, како што соопшти Белата куќа, изразил загриженост за настаните на северот на Косово и апелирал ситуацијата да се смири. Вашингтон, исто така, очекува двете страни повторно да се вклучат во дијалогот со Европската унија и целосно да го спроведат договорот за нормализација постигнат претходно оваа година.

Немирите се интензивираа на северот на Косово по изборите во април, кои беа бојкотирани од етничките Срби, а кандидатите на етничките Албанци победија во четири општини со мнозинско српско население на север. Етничките Албанци сочинуваат 90 отсто од населението на Косово.

Во судирите меѓу српските демонстранти и КФОР во понеделникот беа повредени 30 припадници на КФОР и 52 Срби. Поради насилството, НАТО најави испраќање дополнителни војници на Косово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напади врз новинарски екипи во Лепосавиќ: Снимател на РТК клоцан додека лежи на пат

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Вучиќ за апсењето на косовските специјалци: Се сомневаме дека сакаа да ликвидираат некого

Ана Ололовска

Косовското МНР издаде предупредување: Не патувајте низ Србија

Ана Ололовска

Курти бара итно ослободување на припадниците на неговите полициски сили

Ана Ололовска

Лајчак: Со Ескобар се надевавме на подобар резултат од мисијата во Белград и во Приштина

Катерина Ѓуровски

Бујар Османи понуди план за Косово: Да се повлечат специјалните сили на Косово и да се организираат општински избори

Орце Костов