САД: Русија и Кина активнo дејствуваат на Балканот

Од:

Русија и Кина се активни како надворешни сили на Балканот, а посетата на државниот секретар Мајкл Помпео таму е начин „да се одговори на тој предизвик“, велат високи претставници на Стејт департментот.

Балканот е „стратешки многу динамичен регион“ со надворешни сили. „Кина го купува пристаништето Пиреја, Русија покажува лошо однесување во Северна Македонија, Русија се обидува да манипулира со Православната црква – запомнете дека пред околу две и пол години Грција протера четворица Руси за нивно учество … во несоодветни активности поврзани со црквата”, изјави портпарол на Стејт департментот.

Брифингот беше по повод дводневната посета на Помпео на Грција.

Според друг портпарол на Стејт департментот, целта на посетата била „обединување на сите аспекти на американската моќ и американската дипломатија за да се одговори на овој предизвик“ од Русија и Кина во регионот.

Од 27 септември до 2 октомври, Помпео е на турнеја низ Европа, при што ја посети Грција и ќе престојува во Италија, Ватикан и Хрватска.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски