САД реагираат на идеите за прекројување на границите: Го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ

Од:

САД денеска соопштија дека го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, чие почитување е регулирано со Дејтонскиот мировен договор.

Ова е пораката од американскиот Стејт департмент во писмениот одговор на барањето на Гласот на Америка да ги коментира извештаите на медиумите за наводен нон-пејпер со кој се предлага прекројување на границите на Балканот, вклучително и на БиХ.

Портпаролот на Стејт департментот изјави дека САД „длабоко го ценат долгогодишното партнерство со Босна и Херцеговина и остануваат посветени на заедничката цел за демократска, инклузивна и просперитетна БиХ на патот кон целосна евроатланска интеграција“.

-САД силно го поддржуваат патот кон членството во ЕУ на сите аспиранти од Западен Балкан, рече портпаролот на Стејт департментот, додавајќи дека САД веруваат дека иднината на Западен Балкан несомнено е во Европската унија.

Процесот на проширување промовира долгорочен мир, стабилност и просперитет во целиот регион, се заклучува во одговорот на Стејт департментот за Гласот на Америка.

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ денеска го објави неофицијалниот дипломатски документ, таканарелен „нон-пејпер“, во кој се споменува идејата за поделба на БиХ, анексијата на Република Српска кон Србија и Косово кон Албанија.

Порталот потсетува дека од понеделникот во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина се шпекулира дали премиерот Јанез Јанша навистина го испратил неофицијалниот документ во Брисел, во кој се споменува нова скица со границите на територијата на поранешна Југославија.

Досега никој официјално не потврдува дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, добил документ со таква содржина од Словенија.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски