САД најавија санкции за косовските политичари вмешани во коруптивни афери

Од:

Амбасадата на САД во Косово денеска упати критики кон косовскиот правен систем, забележувајќи дека до сега никој не одговарал за, како што наведува, очигледните случаи на корупција и организиран криминал.

Во соопштението на Американската амбасада се споменуваат поименично неколку големи коруптивни афери, како „Пронто“, во која се обвинети десетина актуелни високи функционери за незаконски вработувања и други злоупотреби на службената должност, потоа обвиненијата за политичари кои земале поткуп за обезбедување италијански визи, за бегствата од затворот во Дубрава и други случаи.

Дипломатското претставништво на САД во Приштина порача дека „косовските граѓани заслужуваат правен систем пред кој личностите ќе одговараат за нивните коруптивни активности“ и најави дека политичарите вмешани во поголемите афери не ќе можат да добијат американски визи.

– Пракса на конзуларните служби е да ги разгледуваат фактите за секоја апликација за виза, вклучително секоја негативна информација во врска со апликантот и да ја одредат заснованоста на барањето за добивање виза, врз основа на законите на САД. По потреба, ние секогаш ги оценуваме обвиненијата и доказите за корупција и организиран криминал при одлучувањето за давање виза, со цел да ги ограничиме лицата што придонесуваат за овие проблеми од добивањето виза за патување во Соединетите Држави, се вели во соопштението.

Амбасадата на САД порачува дека и во иднина ќе ја изнесува јавно својата „загриженост зошто никој не сноси одговорност, вклучително службените лица во Косово, за корупцијата и организираниот криминал, кои се очигледно присутни во земјата“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски