САД: Косово да не се меша во работата на правосудството

Од:

Амбасадата на САД на Косово ги повика косовската влада, парламент и политичарите да не се мешаат во работата на правосудството, истакнувајќи дека последните истраги не се насочени кон ОВК во целост, туку против осомничените поединци.

-Ги повикуваме јавноста и институциите на Косово да се воздржат од влијание врз независниот судски процес и да остават истиот да се одвива кон принципите на владеачките права, за кои што се бореа голем број луѓе. И покрај тоа што досегашните протести беа мирни, сакаме да истакнеме дека насилство и закани на судски официјални лица е против сите вредности на Косово и не се прифатливи во демократијата-се наведува во соопштението на амбасадата.

Амбасадата на САД со тоа реагираше на најавените протести, но и на најавата за одржување на вонредната седница на парламентот на Косово, на која ќе се расправа за притвор на двајца команданти и пет припадници на поранешната ОВК, обвинети за воени злосторства.
Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска