САД ќе ја поддржат секоја одлука што ќе ја донесе Високиот претставник во БиХ

Од:

САД денеска соопштија дека користењето на „бонските овластувања“ се ексклузивна надлежност на Високиот претставник во БиХ и дека ќе ја поддржат секоја одлука што тој ќе ја донесе.

Во врска со најавата на Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, дека може да наметне измени во Изборниот закон на БиХ и Уставот на Федерацијата БиХ, портпаролот на американскиот Стејт департмент изјави дека германскиот дипломат „ќе избере дали, кога и како да се користат овие овластувања“, објави Гласот на Америка.

Портпаролот на Стејт департментот одби да ги коментира деталите за одлуката што Шмит може да ја донесе.

-Во овој момент нема да коментираме за потенцијалните реформи што се споменуваат во медиумите. Повторуваме, одлуката за користење на „бонските овластувања“ е исклучива надлежност на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР)“, рече тој.

Канцеларијата на Високиот претставник се уште нема официјално потврдено дали и кога Шмит ќе наметне измени во Изборниот закон на БиХ и одредени уставни измени во Федерацијата БиХ, чија цел е да се спречи блокирањето на функционирањето на овој ентитет на БиХ.

Ниту владите на земјите од Квинта – САД, Велика Британија, Италија, Франција и Германија – досега не се изјаснија за евентуалната одлука на Шмит, чиј нацрт беше објавен од некои медиуми во Босна и Херцеговина.

„Пробосанските“ партии остро ја критикуваа намерата на Шмит да наметне амандмани на Изборниот закон и уставните измени, додека Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на БиХ оцени дека овие мерки минимално ќе ја „корегираат штетата“ предизвикана кон Хрватите во БиХ во претходните години и децении.

Некои медиуми претходно најавија дека Шмит денеска ќе наметне одлука, а во меѓувреме дел од бошњачките лидери најавија дека разговарале со Високиот претставник и дека тој нема да наметнува никаква одлука додека не се одржат консултации со политичките претставници од Федерацијата на Босна и Херцеговина.

Поради можното наметнување измени на Изборниот закон на БиХ и уставни измени во Федерацијата БиХ, граѓаните вчера протестираа пред зградата на ОХР во Сараево.

Избор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Стејт департмент: Израел уверува дека сака дипломатско решение со Хезболах

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

Стејт департмент: Реториката на израелските министри е запалива и неодговорна

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Стејт департментот одобри продажба на оружје на Израел, го заобиколи Конгресот