САД ја предупредија Србија на изборите да нема воени злосторници за кандидати

Од:

Парламентарната комисија за надворешни работи на САД јавно ја предупреди Србија дека на изборите не треба да има кандидати кои се воени злосторници, објави „Гласот на Америка“.

Ова на Твитер го објави американскиот комитет за надворешни работи, повикувајќи се на пишувањето на Балкан инсајт. Во текстот кој го објави Балканската истражувачка мрежа БИРН се наведува дека „двајца осудени воени злосторници се надеваат дека ќе бидат избрани за пратеници на изборите следниот месец во Србија, додека уште неколкумина, кои се бараат од судот на ООН или за кои постојат обвинувања за воени злосторства, се подготвуваат за трката за влез во Собранието, соопшти „Глас на Америка“.

Еден од нив е Драган Васиљковиќ, познат на Балканот како капетан Драган, воен злосторник кој се врати во Србија на 28 март годинава, откако беше ослободен од затворот во Хрватска каде издржуваше казна за злосторства кои во оваа земја ги има извршено во 1991 година, се наведува во текстот.

Друг воен злосторник кој ја има најавено својата кандидатура е ултранационалистички лидер на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, кој беше осуден од Механизмот за меѓународни кривични судови за воени злосторства над Хрватите во 1992 година.

Како што јави дописиникот на МИА од Белград, Драган Васиљковиќ кој најави кандидатура за пратеничко место во српското собрание, изјави дека ќе побара Милорад Улемек-Легија и Звездан Јовановиќ да бидат ослободени бидејќи и покрај правосиланта пресуда, „не знае дали Легија и Звездан се виновни за убиството на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.“

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Спектакуларно бегство на затворен од САД

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов