САД ја испитуваат можноста за воведување санкции против Турција

Од:

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп ја разгледува можноста за воведување ограничувања во односите со Турција како одговор за плановите на Анкара да купи од Русија противвоздушен ракетен систем С-400.

Најсериозниот пакет рестриктивни мерки се дискутира меѓу членовите на Советот за национална безбедност на САД, Стејт департментот и Министерството за финансии и „ќе нанесе штета врз турската економија, која и без тоа преживува комплексни времиња“, пишуваат американски медиуми, повикувајќи се на неименувани извори запознати со ситуацијата.

Во информацијата се вели дека најголема поддршка има варијантата за воведување санкции според законот, донесен 2017 година, за сузбивање на противниците на Америка преку санкции против клучни претпријатија од одбранбената индустрија, кои соработуваат со руски компании. Планираните санкции ќе го спречат пристапот на турските претпријатија до финансискиот систем на САД, со што на Анкара ќе и биде невозможно да купува елементи од американско производство, а исто така да го продава своето производство на територијата на САД.

Американските санкции можат да стапат во сила на почетокот од јули, кога Турција ќе почне да ги добива руските системи С-400. Претседателот Трамп,сепак, не планира да ги објави овие мерки до самитот на Г20 во Осака во крајот на јуни, каде е можно да има средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат