САД издвоија 40 милиони долари за вооружување на Бугарија

Од:

Бугарија ќе добие 40 милиони долари дополнително воено финансирање откако ќе биде одобрено од Конгресот на САД, соопшти Американската амбасада во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, средствата се наменети за зајакнување на безбедноста на Бугарија. Финансирањето е дел од сеопфатниот пакет наменет за Украина и 17 нејзини соседни земји, вклучително и Бугарија.

Целта е да се зајакне безбедноста на оние земји кои можат да бидат жртви на потенцијална руска агресија.

Парите за Бугарија се наменети за модернизација на бугарските вооружени сили и за зајакнување на одбранбената способност на НАТО во балканскиот регион.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Нови фотографии од салата во Москва, терористите оставиле оружје и муниција зад себе

А1он