Саборот усвои Закон за попис на населението во Хрватска

Од:

Владејачкото мнозинство во Хрватскиот Сабор го изгласа Законот за попис на населението во Хрватска. За законот гласаа 72 пратеници, 24 без против, а четворица се воздржаа од гласање.

На состанокот на владејачката коалиција, непосредно пред седницата на Собранието, беше постигнат договор со претставниците на националните малцинства, кои ја условуваа нивната поддршка за законот и кворумот со уважување на нивни два амандмани. Сите осуммина претставници на малцинствата гласаа против Законот, јави хрватската РТЛ.

Пописот ќе се спроведе во Хрватска следната пролет, согласно Законот за попис на население, домаќинства и станови, кој беше денеска изгласан по еднонеделно одложување и утринската средба на владејачката коалиција. Пописот ќе се спроведе од 1 април до 7 мај 2021 година.

Новината е дека од 1 до 10 април, односно првата фаза ќе се спроведува со автопопишување преку електронскиот систем е-Граѓани, а од 16 април до 7 мај  попишувачи ќе го попишуваат населението, домаќинствата и становите. Хрватската држава очекува значителен број граѓани да се попишат по пат на е-Граѓани, значително е намален и бројот на попишувачи во однос на претходните пиписи.

Пописот го организира, координира и спроведува Државниот завод за статистика, а државата за таа цел обезбедила 177,3 милиони куни (23.734,611 евра).

Гласањето за тој закон требаше да се одржи минатиот петок, но малцинските пратеници го урнаа кворумот бидејќи Владата, а потоа и пратениците, не ги усвоија нивните барања во пописот да им се овозможи на граѓаните изјаснување за повеќе мајчини јазици и да се почитува малцинската квота меѓу попишувачите.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари