„Сааб“ сака да и продаде ловци „Грипен“ на Бугарија

Од:

Шведскиот концерн „Сааб“ се надева дека ќе може да и продаде на Бугарија 10 до 14 воени авиони ловци од типот „Грипен“, јави допсиникот на МИА од Гетеборг.

Бугарија има големи потреби за промена на своите застарени руски воени авиони.

„Сааб“ смета дека по неколку години само „Ф-35“ ќе може да конкурира со „Грипен“ кога разни земји ќе сакаат да купат западни воздухоплови.

Моментно „Сааб“ работи интензивно на прозводството на 60 нови „Грипен Е“ за потребите на шведското Воено воздухопловство, кои треба да бидат испорачани во 2019 година, истата година кога и Бразил ќе ги добие своите први „Грипен Е/Ф“ од вкупно 34 нарачани воени ловци.

– Сакаме да ја искористиме нашата силна позиција во Централна Европа кога гледаме дека повеќе земји сакаат да ги заменат своите стари руски летала. Имаме инетнзивна дискусија со Словачка, а забележуваме и интерес во Бугарија, каде што имаат потреба од испорака на нови авиони во релативно кус период, вели Јеркер Алквист, шеф за „Грипен“ при „Сааб“.

Најголем конкурент на „Грипен“ во Бугарија најверојатно е „Ф-16“ од американскиот „Локид Мартин“, пишува „Свенска дагбладет“.

Долгорочно гледано „Сааб“ смета дека повеќето од сегашните негови конкуренти во западниот свет веќе имаат тешкотии да добијат нови нарачки, меѓу другите, „Еурофајтер“, „Ф-18“ и „Рафал“

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ