Руските туроператори ги откажуваат аранжманите во Турција

Од:

Рускиот туроператор „Бриско“ соопшти денеска дека ги прекинал продажбите на аранжманите кон Турција по соборувањето на рускиот авион Су-24 од турската воена авијација, јави ТАСС.

Претходно, руската туристичка агенција „Пегас“ ги прекина сите патувања до Турција до 29 декември, а вчера и туроператорот „Натали турс“ ги запре продажбите на аранжмани кон таа дестинација заради ситуацијата.

– Загубите на рускиот туристички сектор од запирањето на продажбата на аранжманите во Турција може да бидат поголеми отколку загубите од „затворањето“ на Египет како дестинација ако ситуацијата не биде решена во следните месеци, предупреди Асоцијацијата на туроператорите на Русија. 

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски