Руската амбасадорка во Бугарија ќе предложи затворање на амбасадата во Софија

Од:

Амбасадорката на Русија во Бугарија, Елеонора Митрофанова преку Фејсбук профилот на амбасадата најави дека ќе им предложи на руските власти да ја затворат нејзината амбасада во таа земја, јавува дописникот на МИА од Софија.

Според Митрофанова, затворањето на руската амбасада во Бугарија неминовно ќе доведе до затворање на бугарската амбасада во Москва.

Според Митрофанова, одговорноста за понатамошните тешки последици од овој чекор е целосно на Владата на бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков.

Дописникот на МИА од Софија потсетува дека Митрофанова постави ултиматум до бугарското МНР да ја укине нотата со која 70 руски дипломати се прогласени за персона нон грата или ќе му предложи на руското Министерство за надворешни работи да ја затвори руската амбасада во Бугарија. Таа денеска го посети бугарското Министерство за надворешни работи за да се запознае со одлуката на властите во Софија.

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков изјави дека странските амбасадори не можат да поставуваат ултиматум.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он