Русија и Турција преговараат за заедничко производство на С-400

Од:

Русија и Турција разговараат за можноста од заедничко производство на некои компоненти на рускиот систем за противракетна одбрана С-400 во Турција, го пренесува ТАСС, Сергеј Чемезов, шеф на руската државна компанија „Ростех“.

Турција во текот на овој месец почна да ги добива компонентите на рускиот систем С-400, што САД ги натера да ја елиминираат Анкара од својата програма за производството на петата генерација на авионите Ф-35, пред се, заради безбедносни причини.

Чемезов за оваа идеја првично зборувал за агенцијата Анадолија во Турција.

По долготрајните неуспешни обиди за купување на американски систем за противовоздушна одбрана, во 2017 година Анкара одлучи да го купи рускиот систем С-400.

По купувањето, сега американски функционери ја советуваат Турција, сепак, да го купи американскиот ракетен систем „Патриот“, а не С-400, бидејќи, како што тврдат, тој ќе биде некомпатибилен со системите на НАТО и програмата за ФГ-35 ќе ја изложи на евентуална руска закана.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски