Русија ги ограничува летовите со беспилотни летала над енергетските објекти

Од:

Русија од утре ќе ги ограничи летовите со беспилотни летала над енергетските капацитети, пренесува агенцијата Анадолија повикувајќи се на локалните медиуми.

– Министерството за енергетика на Руската Федерација доби задача да направи план за зона на забранети летови над клучните капацитети за гориво и енергија, пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на писмо испратено до енергетските компании на 14 октомври.

Во писмото се наведува дека „мерката е со цел да се ограничат активностите на неовластени лица во воздушниот простор над значајни објекти за гориво и енергија“. Активирањето на процесот на воспоставување зона на забранети летови сега се чини дека е клучна мерка насочена кон обезбедување енергетска безбедност, стои во документот.

Заменик-претседателот на Надзорниот одбор на Здружението на доверливи партнери Дмитриј Гушев изјави дека создавањето зона на забранети летови над енергетските капацитети е релевантно по почетокот на руската воена операција во Украина, бидејќи домашните магацини за нафта и рафинерии во пограничните зони би можеле да бидат нападнати од воздух, пренесува Анадолија.

Руските власти ја обвинуваат Украина за извршување воздушни напади на руска територија, особено на регионите што граничат со Украина, како што се Белгород, Ростов и Брајанск. Тврдењата не можат независно да се потврдат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина собори 15 дронови во јужните региони

Русија: Соборивме три беспилотни летала над регионот во близина на Москва

Иран го обвини Израел за нападот со беспилотни летала врз фабриката за муниција во Исфахан

Тајмс: САД даваат зелено светло Украина да врши напади со беспилотни летала на територијата на Русија

Горан Наумовски

Вучиќ за соборениот дрон: Знаеме чии се беспилотните летала и која е нивната мисија, но да се правиме малку наивни

А1он

Девет напади со беспилотни летала од утрото во Киев, експлозии и во Одеса