Русија ги одобри за користење вакцините Спутник произведени во Србија

Од:

Рускиот институт „Гамалеја“ ја одобри употребата на 550 000 вакцини „Спутник В“, кои се произведени на белградскиот институт „Торлак“.

Српскиот министер за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ за РТС кажа дека овие вакцини се со ист квалитет, како и оние што се произведуваат во Русија и дека се планира производство на четири милиони дози до крајот на годината.

Тој изјави дека 960 примероци биле тестирани согласно највисоките меѓународни стандарди.

„Имаме 550.000 вакцини, 275.000 од прва доза и 275.000 од втора доза, подготвени за употреба овде во Србија со назнаката „Произведено во Србија“ на нив“, рече Поповиќ.

Зборувајќи за можниот извоз на вакцините произведени во Торлак, тој вели дека одлуката зависи од српската Влада и претседателот Александар Вучиќ, како и одобрувањето на руските партнери.

„Сигурен сум дека ќе има доволно количини од вакцините за Република Српска, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, нашите соседи“, рече Поповиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов