Румен Радев во посета на Црна Гора

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ја започнува официјалната посета на Црна Гора на покана на неговиот црногорски колега Мило Ѓукановиќ, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарскиот претседател и неговата сопруга Десислава Радева ќе бидат пречекани од Ѓукановиќ и неговата сопруга со официјална церемонија во претседателската резиденција во старата црногорска престолнина Цетиње.

Претседателите на Бугарија и Црна Гора Румен Радев и Мило Ѓукановиќ ќе разговараат за продлабочување на билатералната соработка во економијата, образованието, науката, иновациите и технологијата, партнерството во сферата на безбедноста и одбраната, регионалната соработка во Југоисточна Европа, како и европска перспектива на Црна Гора.

Радев во Подгорица ќе биде примен од црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и претседателката на Собранието на Црна Гора Даниела Ѓуровиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Радев: Уставните измени се европски, а не бугарски барања

Бугарскиот претседател одби да го потпише указот за разрешување на шефот на бугарското МВР

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Орце Костов

Радев го поздрави испраќањето на амандманите во Собрание: Прв многу важен чекор, а не последен

Орце Костов

Радев: Новата влада треба да се грижи за бугарската армија, а не за воена помош за Киев

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Румен Радев: Скопје не ја научи лекцијата, повторно лобира во ЕУ за да сокрие недостатокот на реформи

Орце Костов