Румен Радев: Од големо значење е овие избори да донесат стабилно и одговорно владејачко мнозинство

Од:

На 2 октомври ќе одржиме вонредни парламентарни избори и тоа е главната задача пред преодната влада – нивно организирање и спроведување. Тоа го изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со претставниците на институциите надлежни за подготовка и спроведување на гласањето.

„За сите нас е од големо значење овие избори да донесат стабилно и одговорно владејачко мнозинство кое ќе се зафати со итни реформи и ќе носи стратешки одлуки за нашата земја. Исто така, важно е ова мнозинство да ужива висок легитимитет што произлегува од високиот одѕив на гласачите“, нагласи Радев.

Според него, високата излезност бара висока посветеност на партиите и кандидатите за пратеници со јасни програми и пораки за привлекување гласачи, но и одговорна работа на изборната администрација и државата, што ќе даде доверба во транспарентноста, чесноста и пристапност на изборниот процес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит