Румен Радев ги заврши консултациите пред да врачи прв мандат за нова влада на Бугарија

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев по консултациите со најмалата партија во 47. Народно собрание „Преродба“ изјави дека политичките консултации се завршени и дека првиот мандат за формирање на новата влада во рамките на овој парламент ќе му го предаде на најголемата политичка сила во него „Продолжуваме со промената“.

dobivaj vesti na viber

Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Бугарија Румен Радев не прецизираше на кој ден тоа ќе се случи. Тој вечерва заминува за Мадрид на самитот на НАТО, каде ќе биде до 30 јуни.

Од неговите зборови стана јасно дека нема да има консултации со „Продолжуваме со промената“ и Бугарската социјалистичка партија, која вчера не се појави на поканата за нив, со образложение дека работат на ажурирање на буџетот во комисијата во Национално собрание. Вазраждане побара од претседателот Румен Радев да не им додели трет мандат за Бугарија да тргне кон предвремени избори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повредени од несреќата со српски автобус во Бугарија ќе бидат префрлени до границата со Србија, возачот на автобусот останува во притвор

Христов: Интерконекторот со Грција ќе стартува од 1 октомври

Возачот на српскиот автобус кој се преврте во Бугарија останува во притвор

Катерина Павлова-Николовска

Меџидиев: Нема опасност по животот на децата повредени во несреќата со српскиот автобус на автопатот „Тракија“

А1он

По несреќата во Бугарија, полицијата го казни сопственикот и корисникот на автобусот

Дерменџиев: Има зголемен мигрантски интерес кон Бугарија

Ана Ололовска