Романскиот Парламент го отстрани од функцијата Трајан Басеску

Од:

Романскиот Парламент денеска изгласа одземање на овластувањата на претседателот на државата Трајан Басеску, поради кршење на основните закони.

Од 432 пратеници, 258 гласаа „за“ суспензија на Басеску.

Пратениците на романскиот Парламент одлучуваа денеска за суспензија на претседателот Басеску поради обвиненија за кршење на Уставот, откако трипартиската владејачка коалиција на левиот центар го товари дека незаконски ги презел овластувањата од премиерот кога во 2010 година објави драстични мерки за штедење и оти ја нарушил независноста на судството.

Според романскиот Устав, Парламентот може да ги одземе овластувањата на претседателот на државата поради „сериозно“ кршење на основните закони.

Суспензијата на Басеску се уште не значи и негова смена, откако, според процедурата, до тоа може да дојде дури на референдум кој треба да биде одржан во рок од еден месец.

Би можело да ве интересира

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Во Романија: Момче сакало да ги убие соучениците

Горан Наумовски

Романија: Најмалку 27 луѓе се спасени од планинските области, девет лица се во болница