Романија: Поради коронавирусот, трета болница во државата под воено раководство

Од:

Воено раководство ќе биде испратено да води болница во Фокшани (округот Вранча, централна Романија), како што беше направено за болниците во северниот град Сучава и во централниот Дева. Тоа го објавија денеска романски медиуми, повикувајќи се на министерот за здравство Нелу Татару.

Одлуката на министерот беше водена од фактот дека управителот на регионалната болница во Фокшани е заразен со новиот коронавирус, а членовите на раководството се негови директни контакти.

Петнаесет медицински лица во регионалната болница Фокшани се заразени со новиот коронавирус, рече министерот, посочувајќи дека планот е да се спречи ширење на заразата во болницата. Целиот медицински персонал ќе биде тестиран поради тоа.

Во моментов, околу 50 случаи на инфекција кај медицински персонал се потврдени во округот Вранча, од кои 35 се потврдени во воената болница Фокшани. Во округот има три жртви на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Во Романија: Момче сакало да ги убие соучениците

Горан Наумовски