Родител му го одвлекол вниманието на возачот, така дошло до несреќата на српскиот автобус сведочи патничка

Од:

Според патничка од српскиот автобус кој се преврте на автопатот Тракија во Бугарија, на возачот му било одвлечено вниманието кога се обидувал да помогне да го спушти седиштето на еден од татковците на едно од децата. Наташа Радовановиќ една од патничките во автобусот го изјави ова во директното вклучување за БТВ.

Ова била причината што српскиот автобус нагло свртел надесно и се поревртел во каналот во близина на автопатот. Српските деца се враќале од фолклорен фестивал на Сончев брег на Црно Море. Во автобусот во моментот на несреќата се наоѓале 38 деца и 10 возрасни лица од Србија.

Во болницата во Стара Загора се примени 4 возрасни и 8 деца, еден од возрасните е во тешка состојба и може да е неизбежна ампутација на екстремитети.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов