Роде: Апсурдно е да ескалира ситуацијата поради регистерски таблички

Од:

Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде ја поздрави одлуката на владата на Албин Курти за одлагање за 48 часа на спроведувањето казни за лицата кои не ги замениле српските со косовски регистерски таблички, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реагирајќи на синоќешната објава на Твитер на американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер дека побарал 48 часовно одлагање на изрекувањето казни за Србите во северно Косово, Роде напиша дека е „апсурдно да ескалира ситуацијата поради регистерски таблички“.

– Добро е што имаме повеќе време за специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак да работи со засегнатите страни за наоѓање решение. Повторувам: Апсурдно е да ескалира ситуацијата поради регистерски таблички. Ние имаме потреба од повеќе државништво, а помалку игра со оган, порача Роде.

Амбасадорот на САД, Ховениер синоќа изрази загриженост поради неуспехот на вчерашните преговори во Брисел меѓу Курти и српскиот претседател, Александар Вучиќ и побара одлагање на спроведувањето на одлуката за изрекување казни, со цел, како што порача, „да им овозможат на ЕУ и САД да продолжат да ги поттикнуваат страните да изнајдат решение“.

Курти објави дека го прифаќа барањето и му се заблагодари на Ховениер „за неговата посветеност и залагањето“ во изнаоѓањето решение за споровите со Србија.

– Јас го прифаќам неговото барање за 48-часовно одлагање на почетокот на изрекување казни за нелегалните таблички со ознаките „КМ“ (Косовска Митровица) и други (издадени од Србија). Задоволство ми е да работам со САД и ЕУ за изнаоѓање решение во текот на наредните два дена, напиша Курти.

Претходно синоќа, по неуспехот на преговорите со посредство на ЕУ за решение за спорот околу табличките, официјална Приштина најави дека ќе почне да ги казнува лицата кои ќе се затекнат на косовските патишта со возила со таблички издадени од Србија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он