Рекордни 22 жртви на Ковид-19 за еден ден во Косово

Од:

Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.062 од појавата на болеста, откако во изминатите 24 часа се регистрирани 22 починати, што претставува нов црн рекорд на жртви на епидемијата во еден ден.

Според последниот дневен извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вчера се регистрирани нови 627 заболени, со што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од појавата на епидемијата достигна до 41.299.

Во истиот период се евидентирани и 543 излекувани, а вкупно досега болеста ја совладале 26.453 лица, кај кои бил дијагностициран Ковид-19.

Активни носители на новиот коронавирус во Косово во моментов, според официјалните податоци, се 13.748 случаи.

Вчера се извршени 1.510, а вкупно досега 148.213 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски