Рекордни 2166 нови случаи на Ковид-19 во Грција

Од:

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.166 новозаразени со коронавирусот, што претставува нов негативен рекорд на дневни случаи во земјата, починаа 13 лица. Зголемен е бројот и на пациенти приклучени на апарати, вкупно 169 лица, 16 повеќе од вчера.

Од денешните 2.166 случаи, повеќе од половината се во Солун (595) и областа Атика, поширокиот дел на Атина (542 новозаразени).

На денешната редовна прес-конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Гикас Мајоркинис објасни дека во областа Атика има за 30 отсто зголемување на бројот на случаи во споредба со минатата седмица, додека, пак, во Солун има четирипати поголема раширеност, споредбено со бројот на жители.

Професорот рече дека во просек, бројот на починати дневно е околу десет лица.Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 44.246 случаи на со Ковид-19, а починаа 655 лица.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски