Рекордни 188 новозаразени од Ковид-19 во Бугарија

Од:

188 случаи на новозаразени со коронавирус во последното деноноќие се регистрирани во соседна Бугарија. Оваа бројка е најголема од самиот почеток на пандемијата, соопштија бугарските медиуми.

Во државата направени се околу 3.500 тестови, од кои активни случаи на вирусот се над 2.800 лица.

Според последните податоци во земјата хоспитализирни се 483 лица, а 32 се наоѓаат на интензивно лекување. Во изминатите 24 часа, има 4 починати. Во Бугарија досега починале вкупно 254 лица.

Распределено по области ситуацијата со коронавирус во државата е следна: Благоевград -10, Бургас -6, Варна -7, Враца -1, Габрово -3, Ќустендил -9, Пазарџик -2, Перник -1, Плевен -9, Пловдив -25, Разград -4, Русе и Сливен по 6, Смолјан -4, Софија заедно со областа -78, Стара Загора -5, Шумен -2 и Јамбол -2.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина