Рекордни 1878 новозаразени во Србија, 11 лица починаа

Од:

Во изминатите 24 часа во Србија биле направени 10.962 тестирања на коронавирус, од кои 1.878 се позитивни, а починале 11 лица. Најмногу заразени има во Белград – 943, по што следат Нови Сад со 147, Крагуевац со 124 и Ниш со 53 новоинфицирани. Во однос на бројот на тестирани лица, во Србија позитивни се нешто повеќе од 17 отсто. На респираторни апарати се наоѓаат 49 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Србија потврдени се вкупно 51.083 случаи на коронавирус и 844 смртни случаи. Тестирани се вкупно 1.363.619 лица.

Денеска се регистрирани најголем број на смртни случаи од последиците на Ковид-19, уште од 16 јули кога имаше 13 починати, но исто така и рекорден број новозаразени бидејќи на 31 октомври беа регистрирани 1.817 случаи.

Дневниот пораст на бројот на потврдени ковид пациенти укажува на тоа дека епидемиолошката состојба во Србија е сè уште нестабилна и дека може да се очекува зголемување на бројот на заразени, посочуваат лекарите.

Епидемиолог Предраг Кон, кој е член на Кризниот штаб, синоќа изјави дека во Белград за 24 часа ќе има повеќе од 2.000 заразени лица.

– Пред викендот, практично на улиците имаше 10.000 заразени лица и во таква ситуација, подобро е да се остане дома, кажа Кон, кој додаде дека моментно во Србија нема законска рамка за усвојување на итни мерки, но треба да се контролира изолацијата и домашниот карантин.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов