Рекорден број новозаразени во Хрватска, најавени нови мерки

Од:

Во Хрватска денеска се регистрирани 116 новозразени со Ковид-19, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на епидемијата и воедно, првпат бројот на новодијагностицирани е троцифрен.

Бројот на активни случаи во земјата изнесува 1038, соопшти Кризниот штаб.

По средбата со научниот совет и Штабот за цивилна заштита во Владата, хрватскиот министер за здравство Вили Берош рече дека сега се разгледуваат нови мерки, но и многу построги услови за влез во земјата. Тој рече дека се размислува и за задолжително носење маски во одредени продавници или угостителски објекти, но дека сето тоа детално ќе биде објавено во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он