Бугарија бележи најголем број на починати од почетокот на пандемијата со Ковид-19

Од:

Бугарија постави нови негативни рекорди во последните 24 часа во однос на Ковид-19.

Здравствените власти во земјата објавија дека 1.472 лица се новозаразени од вирусот од направени  8.738 ПЦР тестови во последното деноноќие.

Бројот на активни случаи во земјата е 14.689, хоспитализирани се 1.732 лица, од кои 107 се наоѓаат во одделенијата за интензивна нега.

Во изминатите 24 часа, починаа 29 лица – што претставува рекорден број на починати од почетокот на пандемијата.

Најмногу заразени има во главниот град Софија – 483, по што следат Пловдив – 147 и Бургас – 59.

Само во областа на Видин не се регистрирани нови случаи.

Во земјата, од Ковид-19 излекувани се 184 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит