Регионов не може да се развива без да се поврзе со инфраструктура, се сложија Заев, Рама и Вучиќ

Од:

Се бара решение за подобрување на железничкото поврзување на Северна Македонија, Србија и Албанија, за што би се изработила заедничка развојна програма со која ќе се настапи пред Европската комисија. Во пакетот за подобро поврзување на трите држави е и можноста да се воведе авионска линија помеѓу Скопје и Тирана, а голем потенцијал се гледа и во интензивирање на енергетските проекти.

На денешниот Регионален економски форум во Скопје премиерите на Северна Македонија, Зоран Заев, на Албанија Еди Рама, и српскиот претседател Александар Вучиќ, се согласија дека инфраструктурата, покрај политичката волја што ја изразија, е клучна за операционалзиација на ветувањата кон бизнисот и граѓаните со најавените проекти во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, што денеска беше ребрендирана од „Мини шенген“.

Заев оцени дека со Србија имаме одлична автопатска и енергетска поврзаност и посочи дека се бара решение за подобро желеничко поврзување по најавите за изградба на брза пруга до нашата граница. Покрај на Коридорот 10, ги потенцираше и активностите на железничкиот Коридор 8.

-Ние имаме железничко поврзување, но работиме на брзите железнички пруги кадешто Србија веќе води напред помеѓу Будимпешта и Белград, а сега со поддршка на ЕУ и со сопствени пари продолжуваат Белград – Ниш, веројатно и до нашата граница. Ние бараме решение како од српската граница до грчката граница да се поврземе. Истото тоа го правиме со железничките пруги во Коридорот 8. Веќе бараме изведувач и начин на реализирање на пругата Кичево – Лим, на албанската граница за да можеме да имаме целосно железничко поврзување помеѓу Албанија и Северна Македонија која што понатаму продолжува кон Софија до Истанбул, рече Заев на новинарско прашање.

Тој верува во брзо темпо на активностите и на овој паневропски коридор, каде, наведе, ги правиме сериозните чекори за втората и третата фаза за пругата до до бугарската граница, а за делницата Кичево – Лин е завршена промената на проектната документација по укажувањата на УНЕСКО и Охридското Езеро и е во фаза на реализација.

Разговарале со Рама и за авионска линија помеѓу Скопје и Тирана, како што има помеѓу Скопје – Белград и Белград – Тирана.

-Авионските линии верувајте ќе овозможат многу побрзо поврзување затоа што е 25 минути од Скопје до Тирана како што е 35 минути од Скопје до Белград, а во суштина ако сакате да тргнете со автомобил од Скопје до Тирана денеска ќе ви требаат сигурно пет и пол часа, а во Србија поради автопатите ако тргнете сега со возило ви требаат некои три – три и пол часа. Сето тоа овозможува конекциите да бидат поголеми. Јас верувам дека се повеќе ќе биде значајна изградбата на инфраструктурното поврзување, порача Заев.

Енергетски, дополни, сме одлично поврзани и продолжуваме да инвестираме во далноводите, трафостаниците коишто не поврзуваат во ова регионално енергетско поврзување помеѓу сите нас затоа што и тоа претставува сериозна инфраструктура, а во иднина верувам и ќе се поврземе преку гасните мрежи директно што дополнително ќе донесе диверзификација на природниот гас којшто и тоа како ќе биде значаен енергенс за користење во иднина.

Важноста на енергетското поврзување преку гасот и електричната енергија го потенцираше и Вучиќ, кој укажа дека на регионот ќе му треба се повеќе електрична енергија и оти треба да управува паметно со неа.

– Триесет и четири теравати произведува Србија, шест Албанија,пет, нешто Македонија. Потребна ни е многу повеќе електрична енергија во иднина заедничките потреби во иднина како што спроведовме една студија за неколку години 70 теравати ќе ни бидат потребни за нашите три земји, потребна ни е електрична енергија, паметно да работиме и да управуваме со неа. Ако ја пропуштиме таа прилика и овозможиме да не наседнат сите коишто сакаат да станеме енергетски неефикасни земји за да купуваме најскапа електрична енергија во моментот кога за нив е најевтино тогаш не сме дораснале на нашата задача, рече Вучиќ.

Како што наведе албанскиот премиер Рама, регионот има потреба за меѓусебно поврзување, има напредок во патиштата, а во желеничкото поврзување смета дека е клучна трансформацијата на железниците и ставање на располагање на сите ресурси.

– Вистината во врска со патиштата е дека земјите имаат прогрес. Србија има значителен напредок. Се надевам дека истото може да се каже и во Албанија, истото како што важи и за Македонија. Сега се разговара за железничка линија, а се надевам дека трите земји заедно ќе можат на располагање да ги постават трансформациите на сите можни железници, ние да ги искористиме нивните најдобри човечки ресурси, да создадеме една заедничка развојна програма за целиот регион, а потоа секако секоја земја посебно си ја има својата сувереност во свој дел, но заедно можеме да им се обратиме на Европската комисија во врска со Економскиот инвестициски план за поврзување на железниците, рече Рама.

Убеден е дека сите се доволно алармирани за можностите што се нудат со енергетиката и како што рече, што ни следува доколку не ги преземеме потребните чекори.

-Но доволно сме богати во регионов да можеме да го постигнеме ова. Значи, во оваа насока на енергетиката ќе работиме заедно за да можеме да сфатиме што можеме и на регионално ниво да постигнеме заедно, а тука е и дигитализацијата, сите овие три се многу битни за економскиот развој и пристапувањети кон ЕУ. А ние сме мали и нашиот глас не се слуша толку далеку, за заедно сме многу поотворени за понатамошни инвестирања но и можеме да станеме погласни. Значи, наместо некој да не жали затоа што работиме по оваа жештина, повеќе треба да размислуваат поточно што ние работиме, рече Рама.

Заев, Вучиќ и Рама на заедничката прес-конференција по завршувањето на форумот порачаа дека целта на иницијативата „Отворен Балкан“ е создавање една економија, без царини, без задржувања на границите и со сто проценти слободна трговија.

Тие претходно потпишаа два меморандума за разбирање и еден меѓудржавен договор со кои треба да се интензивира соработката во регионот. Потпишан е Договор за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан и Меморандум за разбирање за олеснување на увоз, извоз и движење на стоки во Западен Балкан, кои произлегуваат од иницијативата за напредна регионална економска соработка меѓу Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија, како и Меморандум за движењето на пазарот на трудот во регионот.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ