Реакција на претседателот Мета по објавувањето на мислењето на Венецијанската комисија

Од:

По објавувањето на официјаланиот извештај на Венецијанската комисија, во кој се наведува дека албанскиот претседател не го прекршил Уставот со одложувањето на локалните избори, реагираше и Илир Мета.

Во соопштението за медиумите, Мета наведува дека „како никогаш досега, конечното мислење претрпе суштински измени од претходниот проект“.

Тој притоа ги наведува главните заклучоци на Венецијанската комисија.

– Претседателот на Републиката не го прекршл Уставот и не ги пречекорил уставните надлежности. Претседателот на Републиката имаше легитимна цел, насочена кон избегнување на крвопролевање, заштита на политичкиот плурализам, зачувување на стабилноста и демократските ингеренции на земјата. Неговите уставни надлежности не се формални и неговите уредби се во сила, бидејќи не се обжалени пред ниту еден суд, се дел од ставовите на комисијата кои Мета ги споменува.

Во соопштението се наведува дека Претседателот на Републиката жали што во текот на овие четири месеци потрошена е енергија што требало да биде во служба на европските интеграции на Албанија и на долгоочекуваната одлука за отворање на преговорите за пристапување кон ЕУ.

Во првичниот неофицијален став на комисијата, што претходно го прнесоа медиумите, стоело дека шефот на државата ги пречекорил належностите, но не може да се разреши бидејќи уредбите што тој ги потпишал околу локалните избори не се обжалени пред судовите.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија