Разузнавач на ЦИА евакуиран од Србија поради „хавански синдром“

Од:

Службеник на ЦИА бил евакуиран од Србија поради т.н. „Хавана синдром“, пишува Волстрит Џурнал, повикувајќи се на сегашни и поранешни американски претставници.

Во текстот се наведува дека изминатите недели ЦИА евакуирала разузнавач кој служел во Србија, а кој претрпел сериозни повреди предизвикани од невролошки напади, познати како „Хавана синдром“.

Инцидентот на Балканот, кој, според весникот, не бил претходно пријавен, е последен во серијата од, како што тврдат службениците, постојани напади од нешто за кое постои сомневање дека е некаков насочен извор на енергија.

Околу двесте американски службеници и членови на нивните семејства се разболеле од таканаречениот „Хавана синдром“, мистериозна болест, чии симптоми се мигрена, гадење, нарушувања во меморијата и вртоглавица, пренесува РТС.

Службеници од американска амбасада првпат го пријавија случајот во 2016 година во Куба.

Во средината на јули, повеќе од дваесет американски службеници во Виена пријавија симптоми слични на „Хавана синдром“, откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата во јануари.

Во извештајот на американската влада објавен минатата година се наведува дека насочена радиофреквенција е најсигурното објаснување за мистериозните симптоми што ги имале дипломатите стационирани во американските амбасади во Хавана и на други места.

Би можело да ве интересира

Османи: Во Србија е убиен Борис Тадиќ

А1он

Кристофер Хил нов амбасадор на САД во Србија

Почина актерот Марко Живиќ, ја изгуби битката со ковид

А1он

У21: Србија продолжува со нов селектор во евроквалификациите

А1он

Ескобар: Дијалогот Белград – Приштина го води ЕУ со поддршка на САД

А1он

Косовска полиција: Шест полицајци повредени и тројца уапсени во денешната акција во северно Косово

Ана Ололовска