Разрешен директорот на новата грчка државна телевизија НЕРИТ

Од:

Директорот на новата грчка државна телевизија НЕРИТ, Јоргос Прокопакис е разрешен од должноста, само три дена откако телевизијата почна да емитува програма.

Одлуката за неговото разрешување била донесена од страна на Надзорниот совет на Новата радио, интернет и телевизија (НЕРИТ).

Советот како причина за разрешувањето ги наведува постојаните кршења на Законот за создавање на НЕРИТ, како и оставката на заменик-извршниот директор на медиумот Катерина Евангелаку.

НЕРИТ започна со работа во неделата, 11 месеци по ненадејното затворање на ЕРТ минатата година, поради финансиски проблеми.

Прокопакис беше именуван на раководната функција во НЕРИТ пред околу седум месеци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит